На 16.06.2026 во 13:00 часот во ОВР Крива Паланка, од Јавната здравствена установа Крива Паланка е пријавено дека на место викано „Пољана“ во с.Огут, кривопаланечко, има починато лице.
По преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј.(52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека
извршувал работни задачи.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.