Раде Шербеџија до Хрватска: Што побрзо ставете го Тесла на еврата, да се знае дека Србите како народ постоеле овде

Актерот Раде Шербеџија вели дека е добра идеја да се најде едно од најголемите имиња во науката, Никола Тесла, на монетата на хрватското евро.

Тој во интервју за хрватски „Јутарњи лист“ истакнал дека тоа треба што побрзо да се направи.

„Треба да се побрза со тоа, бидејќи мислам дека и Американците тоа ќе го направат. Имено, тие сакаат да го прогласат Никола Тесла како вистински Американец. Секако би било добро Тесла во САД да добие позиција која ја заслушува, како еден од најголемите научници во историјата на човештвото, но јас повеќе би сакал Тесла да биде, пред се, на хрватското евро бидејќи тоа е земјата во која е роден и тоа би било доказ дека тој народ, т.е. Србите од Хрватска, чиј претставник е Тесла, овде постоеле и дека уште малку има надеж дека нема да потоне во заборав“, порача Сербеџија.