Во писмото до европските лидери и институции, претседателот Румен Радев нагласува дека отсекогаш ја изразувал и бранел принципиелната позиција на Бугарија за доследна поддршка на европската интеграција на Северна Македонија. Во исто време, бугарската држава отсекогаш ги истакнувала главните принципи на кои се заснова процесот на проширување на ЕУ – оние на сопствените заслуги и исполнувањето на критериумите за членство. Затоа, со оглед на сложеното историско оптоварување на нашиот регион, според претседателот, во овој процес посебен фокус има прашањето за почитување на принципите на добрососедство и човекови права.
Шефот на државата нагласува дека настаните што денеска ги набљудуваме покажуваат опипливо повлекување од воспоставениот пат. Наоѓањето на компромис прифатлив за двете земји, постигнат од Европскиот совет во јули годинава, се уште не доведе до решение на проблемите. „Скопје наместо да работи на исполнување на условите, повторно се обложува на активно лобирање за прикривање на недостатокот на политичка волја за исполнување на критериумите за членство. Се интензивираат нападите и јазикот на омраза кон Бугарија, се воведуваат „црни списоци“ за забрана за влез на бугарски државјани, се газат правата на бугарската заедница – случаи на физичко насилство, административно и судско малтретирање на луѓе со бугарска самосвест зачестуваат, палење и пукање врз нивните културни клубови, постојани закани за нивните работни места само затоа што се Бугари.