Шпанските аеродроми почнаа да го затвораат својот воздушен простор по извештаите дека кинески проектил ќе се врати на земјата на неконтролиран начин. Се уште не се знае точно каде ќе слета ракетата.
Во понеделникот Кина го лансираше третиот и последен дел од својата нова вселенска станица „Тиангонг“, а потоа беше издадено предупредување дека телото на ракетата тешка 23 тони ќе се врати на Земјата, пишува американскиот „Њујорк тајмс“.
Не се знае точно каде може да слета проектилот, но Шпанија е идентификувана како една од земјите на нејзиниот пат.
Поради ова, неколку шпански аеродроми го затворија својот воздушен простор, тоа се аеродромите во Барселона, Тарагона, Ибица и Реус. Според извештаите на шпанските медиуми, погодени се и други региони, вклучувајќи ги Ла Риоха, Кастиља и Леон. Мерката се очекува да трае околу 40 минути, иако локалните извештаи сугерираат дека места како Ибица може да бидат погодени до три часа.
🚨🇪🇸 We can not detect the rocket yet but #Barcelona is very likely the area where the out-of-controlled Chinese rocket may hit. pic.twitter.com/MB3xBziaGh
— Terror Alarm (@Terror_Alarm) November 4, 2022
Портпаролот на каталонската агенција за цивилна заштита потврди дека поради ризикот поврзан со преминувањето на вселенскиот објект CZ-5B преку шпанскиот воздушен простор, летовите се целосно ограничени од 9.38 до 10.18 часот во Каталонија и други области.
Веќе се информирани аеродромите и другите организации“, рече тој.
Шпанските контролори на летот наведуваат дека Еуроконтрол ги информирал за неконтролирано повторно влегување на кинеска ракета во земјината атмосфера. Се чини дека некои патници во авионот биле информирани за затворањето на шпанскиот воздушен простор откако веќе се качиле на полетување.
Жао Лиџијан, портпарол на Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина, денеска ја отфрли идејата дека ракувањето на Кина со ракетите Long March 5B е невообичаено.
„Би сакал да истакнам дека Кина отсекогаш спроведувала активности за мирно користење на вселената во согласност со меѓународното право и меѓународната практика. Повторното влегување на дел од ракета во земјината атмосфера е меѓународна практика“, вели тој.