Свет

Ракетен напад предизвика пожар во енергетски објект во областа Дњепропетровск

Ракетен напад предизвика пожар во енергетски објект во областа Дњепропетровск

Голем пожар избувна во енергетска постројка во украинската област Дневпропетровск, откако беше погоден од проектил во текот на ноќта, изјави денеска локален функционер, пренесе Ројтерс.

„Три непријателски проектили беа уништени од нашите сили за противвоздушна одбрана“, напиша гувернерот на областа Валентин Резниченко во „Телеграм“.

Резниченко додава: „Ракета погоди објект на енергетската инфраструктура. Има голем пожар. Сите служби работат на лице место“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни