Рама, Вучиќ и Заев си подадоа рака: Договор за четири клучни слободи, во интерес на граѓаните и економијата

Премиерите на Албанија и на Северна Македонија Еди Рама и Зоран Заев, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска разговарале за договор меѓу трите земји за слободен проток на капитал, роба, услуги и луѓе.

„Документот кој ќе го видите е заснован на слобода на проток на капитал, роба, услуги и луѓе затоа што мислам дека луѓето во нашите земји заслужуваат подобар живот и помало невработување“, рече Вучиќ.

И Рама и Заев истакнаа задоволство од овој договор, кој според најавите, би требало да стапи на сила во 2021 година.

Извор: ТВ21