„Заканите за стабилноста и интегритетот на Северна Македонија и Црна Гора се опасни и неприфатливи“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Тој реагираше на изјавата на српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, кој рече дека признавањето на Косово, како и на Украина, ќе им се удри од глава на Црна Гора и Северна Македонија.
„Да не заборавиме дека Албанија, Северна Македонија и Црна Гора се сојузници на НАТО, целосно посветени на безбедноста и територијалниот интегритет на едни со други. Во последната деценија го постигнавме она што никој не можеше ни да го замисли во бескрајните децении пред тоа, а не можеме и нема да дозволи никој да не вовлече во минатото кое го оставаме засекогаш. Заедно Голема Европа е нашата единствена иднина“, напиша Рама на Твитер.