Емел Рамковска во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека од се што било одземено при упадот во А1 телевизија, само на 10% од тоа е засновано обвинението.
Се вчитува...
„Целиот материјал што беше земен со нелегалниот упад во А1, секоја хартија, се беше предадено на истражниот судија со посебна истражна постапка. Според тоа што го видовме во судница, тврдиме дека само 10% од истражниот судија е дадено на обвинителство. Врз основа на само тие 10% е оформено обвинението, а врз него и нашата пресуда“, вели Рамковска.
.
