Свет

РАМПА ЗА РУСКА НАФТА ВО ЕУ! Лидерите на Унијата конечно постигнаа договор за нов пакет санкции против Русија

Лидерите на Европската унија вечерва постигнаа договор за забрана за извоз на руска нафта во ЕУ.

Оваа информација на Твитер ја објави претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел.

-Ова веднаш покрива повеќе од 2/3 од увозот на нафта од Русија, и го намалува огромниот извор на финансирање на нејзината воена машина. Максимален притисок врз Русија да стави крај на војната – напиша Мишел во твит и додаде:

– Овој пакет санкции вклучува и други тешки мерки: исклучување од СВИФТ на најголемата руска банка „Сбербанк“, забрана за уште 3 руски државни радиодифузери, како и санкционирање на лица одговорни за воени злосторства во Украина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни