Припадник на Жандармеријата М.Ј.(34), кој беше застрелан со самострел во вратот пред израелската амбасада во Белград, е опериран во Ургентниот центар и е во стабилна состојба, јави РТС.
Според информациите, хирурзите му ја извадиле стрелата од вратот на припадникот и тој во стабилна состојба е испратен на интензивна нега на понатамошно лекување.
Се вчитува...
Припадникот на Жандармеријата М.Ј, кој работи како постојан чувар во Амбасадата на Израел, бил погоден со самострел во вратот. Во самоодбрана возвратил со оган и го совладал напаѓачот кој починал од здобиените рани.
