Расчистена е депонијата од гуми за греење во Нерези

Комуналните служби на Општина Карпош денеска исчистија нова дива депонија на територија на Карпош, во областа Горно Нерези.

Запленето е поголемо количество на гуми и е спречено истите да завршат во некое од домаќинствата како огревен материјал. Една од главните причини за аерозагадувањето е начинот на греење на домаќинствата, а анализите покажуваат дека голем број на домови се греат токму на отпадни гуми. Ваквиот начин на загревање е еден од главните загадувачи на воздухот, иако се идентификувани и други несоодветни отпадни суровини кои алтернативно се користат за затоплување во индивидуалното домување.

Нашите инспектори се постојано на терен во контрола и обид за спречување на употребата на ваквите штетни емитери на опасни честички во воздухот.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното