Бројот на Иранци кои бараат азил во Германија е значително зголемен од почетокот на бранот протести во нивната татковина, објави магазинот Шпигел, цитиран од ДПА.
Според податоците на Федералната канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ), во септември биле регистрирани 613 ирански баратели на азил.
Во октомври нивниот број се искачи на 892, а во ноември достигна 1.039, објави германското издание, повикувајќи се на федералната канцеларија.
Во ноември минатата година 381 Иранец поднеле барање за азил во Германија.
За цела 2021 година, БАМФ пријавила 2.693 барања за азил од ирански државјани. Годинава до крајот на ноември нивниот број достигна 5.447.
Јулијан Пахлке од Зелените, кои се дел од германската владејачка коалиција, рече дека земјата треба да им помогне на Иранците кои јавно се спротивставуваат на нивната влада.
Германија треба „да ја одржи можноста преку германската амбасада да обезбеди поддршка во (Иран) и во поединечни случаи да помогне во заминувањето на Иран“, повика тој.