Бизнис

Расте инфлацијата – трошоците на живот повисоки за 3,3 отсто на годишно ниво

Расте инфлацијата – трошоците на живот повисоки за 3,3 отсто на годишно ниво

Инфлацијата во мај 2025 година е повисока за 1.5 % во однос на претходниот месец

Инфлацијата повторно забрза. Во мај, месецот кога престанаа да важат мерките на Владата за ограничување на маржите, индексот на трошоците на живот се зголемил. Според пресметките на Државниот завод за статистика (ДЗС) во мај инфлацијата изнесувала 3,3 проценти на годишно ниво. За споредба, во април изнесуваше 2,6 проценти.

Инфлацијата е најизразена во угостителските објекти, односно во рестораните и хотелите, каде што цените на годишно ниво поскапеле за 7,8 проценти. Храната и безалкохолните пијалоци поскапеле за 4,9 проценти

Државен завод за статистика

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, изнесува 1.5 %.                       

Зголемувањето на инфлацијата во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 4.1 %, Разновидни стоки и услуги за 1.5 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.8 %, Облека и обувки за 0.5 %, Рекреација и култура за 0.4 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Здравје за 0.1 %.                                        

Во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3.6 %, Ресторани и хотели за 0.2 % и Комуникации за 0.1 %.       

Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.                                 

Индексот на цените на мало во мај 2025 година во однос на април 2025 година изнесува 100.2.                                         

Индексот на трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи зголемување од 3.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.6 %. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни