Поради Ковид кризата граѓаните ги смениле потрошувачките навики. 36 проценти од нив го зголемиле обемот на онлајн купување. Од почетокот на кризата забележан е раст од 177 проценти во онлајн трансакциите кон домашните е-трговци. Сепак граѓаните немаат многу доверба кон странските трговци поради што купувањето е намалено за 36 проценти. Северна Македонија е рангирана на врвот ,но по ниското ниво на дигитални вештини на населението истакна на он лајн конференцијата претседателката на Асоцијацијата Нина Ангеловска
„Најголемиот предизвик за е-компаниите е ниската дигитална писменост на населението,на второ место е наоѓањето на соодветен кадар. Најголема бариера повторно е ниското ниво на свест и навики за онлајн купување и недовербата“, истакна Нина Ангеловска.
Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз, ја нагласи поддршката за развој на е-трговијата.
„Тоа може да има опиплив импакт врз економијата. Тоа помага во креирање на нови можности особено за младите луѓе кои во изминатите години се иселуваа во вознемирувачки бројки . Оваа земја има огромен технолошки потенцијал. Искористувајќи ги овие потенцијали би можеле да ја подигнат Северна Македонија а можат да ја направат и регионален лидер во Е-трговијата“, посочи Кејт Мери Брнз.
Горди сме што им помогнавме на повеќе компании преку е-трговијата да обезбедат раст и опстанок на нивниот бизнис рече американската амбасадорка. COVID-19 влијаел на промена на навиките на е-купувачите. Од анкетираните 2.800 испитаници, 37 проценти или значително повеќе од порано почнале да купуваат онлајн. Близу 20 проценти прв пат почнале да плаќаат сметки онлајн и да користат владини е-услуги. Најголемо влијание за онлајн купувањето има и пониската цена.
The post Расте онлајн тргувањето – во услови на ковид, граѓаните ги смениле потрошувачките навики appeared first on TV21.mk.

