Разрешени двајца неизвршни членови на Одборот на директори на „Пелистерка“

Централниот регистар донесе решение со кое се разрешуваат двајца неизвршни членови на Одборот на директори на „Пелистерка“ АД Скопје и се вршат измени и дополнувања на Статутот на компанијата.

Од Одборот на директори се избришани Горан Јосифовски од Скопје, машински техничар, и Златко Талески од Битола, дипломиран машински инженер. Решението е донесено врз основа на нотарски акт и записник од седница на собранието на акционерите одржана на 30 јуни 2025 година.

Измените се евидентирани во трговскиот регистар на 22 јули 2025 година.

Со оваа одлука се врши промена на овластените лица во управувањето со компанијата, како и измена на Актот за основање на „Пелистерка“ АД Скопје.