Македонија

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Наместо да се врати на актерската работа во својот матичен Драмски театар во Скопје, Љутков го продолжува ангажманот во државната администрација, сега на позицијата национален координатор за култура. Информацијата денеска ја објавија повеќе медиуми, а Љутков веќе јавно се споменува во ова својство и во реакциите поврзани со „Струшките вечери на поезијата“.

Љутков беше министер за култура и туризам од формирањето на Владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав.

На негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани. Примопредавањето на министерската функција беше извршено на 15 јули, кога Сулејмани и официјално ја презеде должноста министер за култура и туризам.

Со новото назначување, Љутков останува ангажиран во областа на културата, но овојпат како национален координатор во Владата.

На официјалната веб-страница на Владата, во делот за национални координатори што е достапен во моментот на објавувањето, името на Љутков сè уште не е прикажано, односно страницата очигледно не е ажурирана со новото назначување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни