Констракта е овогодинешниот српски претставник на Евровизија што ќе се одржи во Торино. Таа победи во финалната вечер на Беовизија, а нејзината победничка песна In Corpore Sano денес е прва во тренд во Хрватска.
Големо внимание привлече и текстот на нејзината песна, особено „која е тајната на здравата коса на Меган Маркл“.
“Одлучив да ја спомнам Меган Маркл во песната бидејќи медиумите пишуваат дека има убава коса. Таа има поубава коса од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Меган исто така е протерана, а ние ги поддржуваме прогонетите”, изјави музичарот за Курир.рс
На Твитер песната In Corpore Sano ја коментираат многу Срби, но и евровизиските фанови кои беа збунети од текстот.
„Нема да верувате, но косата на Меган Маркл ќе се пее на Евровизија 2022 година“, „Замислете ги Велика Британија и Австралија кога ќе слушнат која е тајната за здравата коса на Меган Маркл“, се дел од коментарите. Наскоро следеа бројни мемиња и коментари за поддршка. Многумина веруваат дека Констракта има шанси за добар успех на Евровизија и дека песната е хит.
