Семејството на пратеникот на ДУИ Џеват Адеми ја потврди веста на порталот „Лајм“ дека неговиот син вечерва е ранет од огнено оружје, но демантираат дека Адеми го повредил.
Се вчитува...
Претходно, „Лајм“ објави дека Адеми без да има намера, го ранил синот со огнено оружје. Сепак, од семејството демантираат дека е така, и додаваат дека синот на пратеникот е повреден од заталкан куршум.
-Станува збор за заталкан куршум од свадбена веселба, велат од семејството на Адеми и додаваат дека двете повредени лица се во добра и стабилна состојба.
Едното лице е сместено во тетовската болница, додека другото е пренесено на Скопските клиники.
Во несреќата повредени се две лица.
