Најмалку 157 лица загинаа во суровата зима во Авганистан, пренесува агенцијата Тасним.
Бројот на загинати се удвои за помалку од една недела бидејќи милиони се подложени на температури под нулата со минимална хуманитарна помош.
Според извештајот на CNN, земјата ја доживува една од најстудените зими, со температури до минус 28 Целзиусови степени на почетокот на јануари – далеку под националниот просек од 0 до 5 степени Целзиусови за овој период од годината.
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (UNOCHA) соопшти дека ќе обезбеди помош како што се ќебиња, греење и засолниште за околу 565.700 луѓе.
Но, таа забележува дека е потребно многу повеќе во услови на еден од најстудените бранови во нацијата во последните години.
Над 75.000 добиток исто така угинале поради студот.
Владејачките талибанци велат дека се обиделе да им помогнат на повеќе од 1 милион луѓе ширум земјата и сè уште даваат се од себе за да поддржат повеќе семејства на суровото време.
Преземањето на власта од страна на Талибанците во август 2021 година ја урна авганистанската економија и ја трансформираше земјата, туркајќи милиони во сиромаштија и глад. Суспендирана е и странската помош.
Санкциите против талибанската влада, замрзнувањето на банкарските трансфери и замрзнувањето на милијардите девизни резерви на Авганистан го ограничија пристапот до глобалните институции и странските пари кои ја поддржуваа економијата на земјата зависна од помош пред повлекувањето на силите на САД и НАТО.