Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Свет

Ангела Меркел се враќа во политичкиот фокус – ќе учествува во изборот за нов претседател на Германија

Ангела Меркел се враќа во политичкиот фокус – ќе учествува во изборот за нов претседател на Германија

Изборот на нов претседател на Германија, закажан за почетокот на 2027 година, би можел повторно да ја стави поранешната канцеларка Ангела Меркел во центарот на политичките случувања. Таа ќе биде дел од изборниот процес како претставник на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

Информацијата за нејзиното вклучување во изборот денеска ја објавија повеќе германски медиуми.

Меркел ќе ја претставува ЦДУ од северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн, чии претставници ќе учествуваат во изборот на наследникот на актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Новиот шеф на германската држава треба да биде избран на 30 јануари 2027 година. Претседателската функција во Германија има претежно церемонијален карактер, а претседателот го избира Сојузното собрание, составено од сите пратеници во Бундестагот и ист број делегати избрани од парламентите на 16-те сојузни покраини.

Засега владејачката коалиција, составена од конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и социјалдемократите, нема постигнато договор за заеднички кандидат, пренесува ДПА.

Во меѓувреме, Меркел неодамна се заложи следниот германски претседател да биде жена. Таа потсети дека во досегашната 77-годишна историја на Сојузна Република Германија ниту една жена не ја извршувала оваа функција.

„Секој треба да се запраша дали, конечно, не е дојдено времето за тоа“, изјави Меркел во интервју за „Магента ТВ“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни