Македонија

Речиси цела Македонија под висок ризик од пожари, ЦУК апелира: Не палете оган на отворено

Речиси цела Македонија под висок ризик од пожари, ЦУК апелира: Не палете оган на отворено

Речиси целата територија на Македонија денеска се наоѓа во зона со висок ризик од пожари, покажува метеоролошкиот индекс на пожар. Надлежните предупредуваат на зголемена опасност од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и во шумските предели.

Според податоците, најголем дел од земјата е во портокалова зона, која означува висок метеоролошки индекс на пожар. Исклучок се Шар Планина, како и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден ризик, односно жолта зона.

Од Центарот за управување со кризи предупредуваат дека временските услови создаваат услови за појава на пожари со висок интензитет, поради што се апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при престој и движење во природа.

ЦУК ги повикува граѓаните да се однесуваат одговорно и да не користат оган на отворен простор, со цел да се спречат пожари кои би можеле да се прошират и да предизвикаат сериозни последици.

Од Центарот потсетуваат дека секој забележан пожар треба веднаш да се пријави на единствениот број за итни случаи 112.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни