Плоштадот „Мајка Тереза“ во Приштина е едно од најфреквентните места.
Но, непосредно пред да почне полицискиот час, во главниот град не можеше да се забележат многу граѓани. Неколку минути пред полицискиот час, и кафулињата беа речиси празни.
Околу проблемот на угостителите говореше и оваа граѓанка.
Граѓаните со различни ставови околу владината одлука за воведување полициски час.
Во 19 часот Приштина „се затвора“. На влезот на Приштина од Митровица, имаше голем број полициски службеници, дури и припадници на Единицата за брза интервенција. Иако стрелките на часовникот означија неколку минути по 19 часот, сепак на неколкумина граѓани им беше дозволено да влезат во Приштина.
Но, имаше и граѓани кои беа вратени.
И тука слушнавме неколку мислења од граѓаните за полицискиот час.
Освен во Приштина, под полициски час е и Урошевац.
Полициски час и во Пеќ…
Полицискиот час кој беше воведен во општините со најголем број заразени на 100 илјади жители, траеше до 5 наутро. Продолжува вечерва од 19 часот.
.
