Македонија

Регистриран земјотрес во Македонија, епицентарот на граница со Косово

Доцна вечерва жителите од западна Македонија ги вознемири земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата сакала.

Станува збор за земјотрес со епицентар на косовско-македонската граница, на длабочина од 2 километри.

Станува збор за редовна сеизмичка активност и нема место за паника, велат познавачите од областа.

Земјотресот е регистриран во 23 часот и 07 минути.

Можни се помали потреси односно афтер шокови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни