Македонија

Регулаторна го ЗГРЕШИ соопштението за поевтинувањето на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика го згрешила соопштението кое утрово го испратила до државната информативна агенција МИА. Според првичното соопштение, дизелот поевтинуваше за 3 денари, иако реалното поевтинување е 2 денари по литар.

Згрешена беше и цената која ќе почне да важи од полноќ. Максималната нема да биде 92, туку 90 денари за литар.

„МИА ја повлекува веста „Дизелот поевтин за три денари, Екстра лесното масло за денар ипол“ објавена во 12:18 часот поради погрешни податоци доставени од Регулаторната комисија за енергетика. Дополнително ќе следува нова информација за цените на нафтените деривати.“ – јави МИА.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни