4NEWS.mk

Регулаторната за енергетика подготвува дигитална револуција: Производство и потрошувачка во реално време!

Регулаторната за енергетика подготвува дигитална револуција: Производство и потрошувачка во реално време!

Регулаторната комисија за енергетика наскоро ќе воведе дигитална платформа за следење на податоците од електроенергетскиот сектор во Македонија, открива нејзиниот претседател Ацо Ристов. Енергетскиот систем, кој досега работеше со извештаи на квартално и годишно ниво, ќе добие дневен – па дури и 24-часовен увид во сите критични параметри.

„Сега почнуваме проект за дигитално прибирање на податоци – практично во реално или скоро реално време, со цел за оваа анализа за промена на тарифата да имаме 24-часовен увид што се случува во мрежата: колку има производство, колку има потрошувачка, кој тип потрошувачка имаме, кој тип производство – дали е фотоволтаик, ветер, јаглен, увоз…“, објасни Ристов.

Комисијата веќе соработува со факултетот ФИНКИ и работи на софтвер што со помош на вештачка интелигенција ќе овозможи анализа и класификација на огромната маса податоци. „Ова е највредното во денешно време – никој човек не може да го обработи самиот. Ако имаме податоци, тогаш ќе почнеме анализа каква е реалната слика во мрежата…“, истакна тој.

Новата дигитална платформа ќе ги направи енергетските политики поефикасни и ќе спречи манипулации: „Државата мора да има суверенитет над енергетскиот систем – не може да зависиме од податоци што ќе ги добиеме дури после шест месеци.“

Дигитализацијата ќе овозможи и пофер тарифи, поефикасно управување и посолидна стратегија за енергетската иднина на државата. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни