Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски на својот Фејсбук профил пишува дека по добиена дојава за истекување на жолта течност во Светиниколската река на потегот под полициската станица бил извршен надзор од страна на инспекциските служби.
„Според извештајот од службите се работи за моментално истекување на непозната жолта течност од канализационата мрежа. Во моментот речното корито е чисто, а инспекциските служби во текот на утрешниот ден дополнително ќе го утврдуваат можното потекло на испуштената течност во речното корито и превземање на санкции против сторителите на овој чин“, пишува тој.

Велковски апелира до сите граѓани да пријават вакви нехумани чинови на загадување на нивната околина со цел преземање на мерки за санкионирање на прекршителите.

.
