Свет

Рекорден број на напади врз политичари кои учествуваат на изборите во Мексико

Рекорден број на напади врз политичари кои учествуваат на изборите во Мексико

Бројот на атентати на политичари кои се кандидираат за изборите во Мексико, кои ќе се одржат утре, достигна рекорд и се искачи на 37, откако во петокот беше убиен кандидатот на локалните избори во централната мексиканска држава Пуебла, Хорхе Хуерта Кабрера, соопшти денеска државното обвинителство.

Во соопштението се наведува дека Кабрера бил застрелан и убиен, со што бројот на убиени кандидати за овогодинешните избори се искачи на 37, што е повеќе отколку пред изборите во 2021 година кога беа убиени 36 кандидати, пренесе Ројтерс.

Аналитичарите истакнуваат дека моќните нарко картели во Мексико и често корумпираните локални власти придонесуваат за насилство врз кандидатите на изборите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни