Македонија

Рекордна инфлација од 14,5 проценти во јуни – за една година трошоците за живот пораснаа за 5.498 денари

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека за само една година вредноста на потрошувачката кошница пораснала за 5.498 денари

Според анализата, зголемувањето е поради енормниот пораст на цените.

Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците. Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 39.710,00 ден. и од јануари 2022г е зголемена за 9,49 %.

Државниот завод за статистика измери рекордна инфлација од 14,5 проценти за претходниот месец споредено со истиот месец лани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни