Со вкупно 55 среќно вдомени кучиња во изминатиот месец септември, го рушиме рекордот во успешно реализирани вдомувања на месечно ниво, инофрмираа од Лајка.
Тие искажуваат благодарност до тимот на ЈП Лајка, активистите и здруженијата за заштитата на животни.
„Заедно креираме среќни приказни и градиме култура за вдомување на бездомно куче“, додаваат тие.