Македонија

Ременски: Која е улогата на екс директорот на УБК Николовски во делот на пријавувањето на дејствијата од Камчеви?

Фросина Ременски по исказот во Обвинителството за организиран криминал, рече дека јавноста треба да се позанимава со дејствијата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски, и дали и што тој превземал нешто по службена должност околу пријавувањето на дејствијата од страна на фамилијата Камчеви.

„Која е улогата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски во делот на пријавувањето на дејствијата од семејството Камчеви? Што превземал како службени дејствија? Дали ако нешто превзел, ќе си дозволеа министрите и премиерот да даваат на телевизијата видео честитки?“, рече Ременски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни