Македонија

Ременски суспендирана од СДСМ, ја „издал“ мобилниот телефон на Боки 13?

Податоците кои се добиени по завршувњето на вештачењето на мобилниот телефон на Бојан Јовановски ѝ даде статус на осомничена на пратеничката Фросина Ременски.

По тоа од СДСМ ја суспендираа додека ја докажува како што велат тие својата невиност.

„Се поставуваме демократски како што заслужуваат граѓаните за кои што постоиме како партија и политичари, а тоа е донесување на времена суспензија додека некој ја докажува својата невиност. Со тоа суспенцијата не и дава можност да ја користи партиската моќ ниту политичка моќ при докажувањето на својата невиност. Јас верувам во нејзината невиност“, рече Зоран Заев.

За Ременски, која вчера истакна дека не се чувствува виновна и оти очекува Обвинителството да го докаже тоа што и го става на товар, судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост. Одземен и е пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд.

На основачкото собрание на Сојузот на Боки 13 кој се одржа на 8 јули 2017 година, Фросина Ременски ги повикуваше бизнисмените и како што вели таа приватниот сектор да се препознаат во проектите на Сојузот.

„Оттука сите овие проекти кои што денеска ќе влезат во акцискиот план за работа на меѓународниот сојуз, неминовна е взаемната соработка на Сојузот и со локалната самоуправа, со општини, и со држаните институции, и со јавните претпријатија, но повторно ќе кажам дека она што ќе биде добра основа за работа на Меѓународниот сојуз, а веќе го истакна претседателот, а е потпишувањето, идното потпишување на меморандумот за соработка со владата на Република Македонија од името на сите министерства, при владата на Република Македонија, дополнително е што ја поттикнуваме бизнис заедницата, односно приватниот сектор да се препознае во проектите“, рече тогаш Ременски.

Мерки на претпазливост се одредени и за Миле Јовановски, татко на Боки 13, додека на Јасна Мандиќ, судија на претходна постапка одреди куќен притвор.

Обвинителката Вилма Русковска, по исказот на Мандиќ во Кривичен, нагласи дека има „битни докази“ за обвинението за „Рекет“. Посочи и дека еден од осомночените побарал спогодба за првиот дел од истрагата за „Рекет“.

Бојан Јовановски се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“, додека Милески е во домашен притвор. Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, пак, од притвор од истражниот затвор, вчера е однесена и задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни