Професорката Фросина Ременски денеска гостува во летното издание „Click21“ на ТВ21 каде разговаравме и за обвинителката Вилма Русковска.
Според неа, време е Русковска да се соочи со одговорноста, наместо да изигрува жртва.
„Не гледам зошто еден јавен обвинител би бил „заштитена мечка“ и за него да не важат правилата на игра во рамки на законот, и зошто се алудира на некаква солидарност, внатре обвинителска кој зад кого требало да застане, имајќи го во предвид законот за јавно обвинителство го обврзува државниот јавен обвинител да врши надзор и контрола над работењето на обвинителствата каде тој е надлежен“, вели Ременски.
Ременски вели и дека има своја теорија:
„Извештајот за спроведениот претрес во финансиската полиција, што е направен како контрола по надзор и наредба на Државниот јавен обвинител ги содржи многу по мали прекршувања на јавно обвинителската функција на Вилма Рускоска во контекст на веќе докажаниот незаконски претрес кај потпретседател на Собрание“, вели Ременски.