Балкан

Решена голема мистерија: Пронајдени ракометарите кои исчезнаа во Хрватска, еве каде

Решена голема мистерија: Пронајдени ракометарите кои исчезнаа во Хрватска, еве каде

Приказната за ракометарите од Бурунди кои исчезнаа во Риека, Хрватска на 9 април привлече големо внимание, а светската јавност ја збуни овој настан.

Но, се чини дека мистеријата е разрешена откако полициската управа во Хрватска извести дека меѓу десетте малолетни лица од Бурунди, кои побарале азил во Белгија, има двајца исчезнати членови на кадетската ракометна репрезентација на таа земја, а останатите осум се осомничени дека се репрезентативци..

„Откако се утврди дека станува збор за двајцата исчезнати ракометари, продолжува интензивната соработка со миграциската служба на Белгија со цел да се утврди идентитетот на останатите од таа група, со оглед дека постои видлива случајност и постои голема можност дека и останатите осум граѓани на Бурунди се оние играчи кои самоволно и незаконски ја напуштиле Хрватска“, се вели во соопштението на Полициската управа, пренесува „Дневник.хр“.

На тој ден десет претставници на оваа африканска земја исчезнаа без трага откако го напуштија центарот каде се наоѓаше нивната селекција.

Ракометарите на репрезентацијата на Бурунди дојдоа во Хрватска да се натпреваруваат на Светското првенство за играчи до 19 години, но дури десет од вкупно 13 играчи родени во 2006 година го напуштија сместувањето и се упатија во непознат правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни