За овие топчиња ви требаат само три состојки: Орео колачиња, крем сирење и чоколадо.
Состојки
36 Орео бисквити
200 грама крем сирење
400 гр бело чоколадо – може да биде и темно
3 Орео колачиња за декорација
Подготовка
Калапот за печење обложете го со мрсна хартија. Ќе ви треба за да ги изладите топчињата, па изберете го оној што ви одговара во замрзнувачот.
Во процесор за храна или блендер, целосно издробете ги колачињата Орео (и темниот и белиот дел). Додадете крем сирење на собна температура и блендирајте додека состојките не се соединат.
Земете околу 1 лажица од смесата и обликувајте топчиња. Ставете ги топчињата на мрсна хартија и ставете ги во замрзнувач некое време за да ја задржат формата.
За тоа време исечкајте ги преостанатите колачиња за декорација – трошките ќе ви послужат како декорација.
Чоколадото стопете го на пареа – доколку не сте љубители на белото чоколадо, слободно заменете го со темно или млечно чоколадо.
Изладените топчиња потопете ги едно по едно во растопеното чоколадо, нежно исцедете го вишокот глазура, одозгора посипете ги мелените бисквити и исушете ги на решетка или на мрсна хартија.
Се чува во фрижидер во затворен сад до сервирање.
