РЕЦЕПТ: Шпагети во бел сос

Доколку немате време за подготовка на комплициран сос за тестенини, ви предлагаме еден едноставен бел сос, за кој нема да ви бидат потребни многу состојки.

Состојки:

  • Коцка путер
  • 500 мл. неутрална павлака
  • Ситно исецкан лук
  • 50 гр. Пармезан
  • 200 гр. Печурки
  • сол, бибер

Подготовка:

За почеток ставете ги да се варат шпагетите.

Во тава ставете го путерот и испржете ги печурките додека не пуштат малку вода, потоа намалете ја температурата и почекате водата да испари.

Во друга тава ставете ја неутралната павлака, додајте лук и зачини, и пармезанот додадете ги. Оставете ги 5 минути, а потоа тргнете ги од шпоретот.

Во сосот ставете ги шпагетите и печурките, а потоа се убаво измешате.