Македонија

„Роаминг како дома“ е реална европска придобивка за граѓаните, вели министерот Андоновски

„Роаминг како дома“ е реална европска придобивка за граѓаните, вели министерот Андоновски

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на министерски состанок меѓу Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Roam Like at Home“ („Роаминг како дома“). На видеоконференцијата се разгледаа клучните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и подготвеноста на земјите од регионот за пристапување кон режим што овозможува користење мобилни услуги во Европската унија под услови како дома.

„Роаминг како дома не е само техничко усогласување на регулативата, туку конкретна и многу видлива придобивка за граѓаните, бизнисите, студентите и туристите. Нашата цел е да ја доближиме Македонија до дигиталниот единствен пазар на ЕУ, да ги намалиме бариерите и придобивките од европската интеграција да се почувствуваат практично и директно“, истакна министерот

  • Пониски трошоци за повици, пораки и мобилен интернет при патувања во ЕУ.
  • Подобра поврзаност и полесна комуникација за граѓаните и компаниите.
  • Олеснето патување и интензивирана економска размена.

Иницијативата е чекор кон интеграција во дигиталниот единствен пазар на ЕУ и кон материјализирање на опипливи придобивки од европската интеграција.

Досега преземени чекори

  • Во август 2025: подготвен сеопфатен Акционен план со јасни чекори, институционални одговорности и временска рамка за усогласување со европското acquis во роаминг и електронски комуникации.
  • Спроведени четири детални анализи од работната група.
  • Подготвен законодавен пакет: нацрт-закон за изменување на Законот за електронски комуникации и пет подзаконски акти (два правилници и три одлуки).
  • Вклучување на телекомуникациските оператори и темелна обработка на доставените коментари.
  • По јавната консултација, Владата го утврди текстот и кон крајот на февруари го достави до службите на Европската комисија за мислење.
  • Формирана посебна преговарачка работна група за институционален континуитет и координација.

Следни чекори

  • Очекување на потврда од Европската комисија за нивото на усогласеност на предложената правна рамка.
  • Интензивирање на преговорите веднаш по добивањето на мислењето.
  • Продолжување на транспарентна соработка со ЕК и со сите релевантни партнери.

Што ќе добијат граѓаните и бизнисите

  • Директно намалување на трошоците за телекомуникациски услуги при патувања во ЕУ.
  • Поголема предвидливост и сигурност при користење мобилни услуги во странство.
  • Подобра деловна конкурентност и полесен пристап до европскиот пазар.
  • Повеќе можности за студенти, туристи и мали и средни претпријатија.

„Роаминг како дома“ е конкретна европска придобивка што ќе се почувствува во секојдневието: пониски сметки, полесна комуникација и подобра поврзаност, со јасен стратешки исчекор кон европскиот дигитален пазар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни