Живот

Роботот Амека има човечки израз на лицето

Новиот хуманоиден робот, производ на британската компанија „Engineered Arts“, е „опасно“ сличен на човек и е способен да демонстрира преку речиси реални човечки изрази на лицето.

Компанијата вели дека Амека е „совршена платформа за хуманоиден робот да комуницира со луѓе и роботи“. Во снимката, објавена на Јутјуб, се гледа роботот во „акција“ и докажува дека тврдењата на компанијата не се претерани.

Сивата машина е слична на ликовите од филмот „И, робот“ и може да прикаже низа човечки емоции придружени со реални движења на очите.

Се чини дека овој случај е програмирана демонстрација, каде што Амека се буди, потоа љубопитно и гледа во рацете, а потоа изгледа изненадено кога ќе забележи дека ја снимаат.

„Емотивниот“ робот е веќе достапен за купување и изнајмување. Моментално е во форма на стационарен модел, но програмерите планираат да го подобрат, па ветуваат дека „Амека еден ден ќе оди“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни