Малолетник, кој со запалка активирал најверојатно фрлено пиротехничко средство во загрепски Суседград, завршил во болница со тешки повреди, соопшти полицијата, апелирајќи до родителите да ги предупредат децата за опасностите од пиротехниката.
Според вчерашниот извештај на Нова ТВ, се работи за 14-годишно момче кое на патот пронашло петарда и ја запалило.
„Момчето се здобило со тешки физички повреди, вклучувајќи повреда на десното око со губење на видот, повеќе изгореници на лицето и двете раце, како и скршеници на левата рака“, изјави Марио Куртанјек, педијатриски хирург во Загребската клиника за педијатрија.
Иако пред три години беше воведена целосна забрана за употреба на петарди и слични пиротехнички средства, од 27 декември до 1 јануари ќе започне продажбата на дозволените пиротехнички производи за возрасни. Во овој период ќе бидат дозволени само пиротехнички средства од категориите Ф2 и Ф3.
„Пиротехничките средства со ознака Ф3 се посилни, како ракети и огномети, и нивната употреба го зголемува ризикот од повреди“, предупреди Раде Стојадиновиќ, судски експерт за оружје и балистика.
