РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ: На Тик Ток се шири нов бизарен тренд кој е многу опасен

На платформата Тик Ток се шири нов тренд кој е многу опасен.

Се работи за неверојатно бизарна детска игра која во секој момент може да заврши фатално, а за истата предупредува жена од Копривница.

Се вчитува...

Имено, таа во средата била сведок на страшна сцена која се случила на железничкиот премин што ги поврзува улиците „Света три краља“ и „Планинарска“.

Според неа, на железничкиот премин деца (на возраст од 9 до 12) седеле, но и лежеле и го чекале пристигнување на воз кој брзо се движи.

Жената предупредува дека едно од децата за малку ќе настрадало откако не сакало да се оддалечи од пругата на која во брзо движење доаѓал товарен воз.

Наскоро, други корисници на социјалните мрежи коментираа дека станува збор за нов бизарен тренд што се раширил меѓу децата на ТикТок.