Родригез: Венецуела не е подредена, ниту покорна на САД

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека нејзината земја „ниту е подредена, ниту покорна“ на САД по апсењето на претседателот Николас Мадуро на 3 јануари, објави агенцијата Франс Прес.

„Ние не сме подредени, ниту покорни“, рече таа, осврнувајќи се на „лојалноста кон претседателот Николас Мадуро, кој беше киднапиран“.

Се вчитува...

„Никој овде не се предал. Тука се воделе битки, битки за татковината“, се присети таа за време на церемонијата во чест на загинатите за време на операцијата на американските сили, во која, според официјалните бројки, загинале најмалку 100 луѓе.

Доналд Трамп вчера објави дека лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо ќе пристигне во Вашингтон следната недела и рече дека со нетрпение очекува да се сретне со неа, потсетува АФП. Тој додаде дека би бил „голема чест“ доколку таа му ја додели Нобеловата награда за мир што ја освоила.

„Разбрав дека доаѓа некаде следната недела. Едвај чекам да ја поздравам“, рече американскиот претседател во интервју за „Фокс њуз“.

„Слушнав дека сака да го направи тоа. Тоа би било голема чест“, додаде тој за Нобеловата награда, за која Трамп рече дека требало да му биде доделена нему. Сепак, Норвешкиот Нобелов комитет ја претпочиташе Мачадо.