„Ролинг стоунс“ ја започна својата рок-турнеја

Рок бендот „Ролинг стоунс“ завчера ја започна својата турнеа низ САД, под насловот „No Filter“.

На самиот почеток на концертот беше пуштено видео посветено на нивниот неодамна починат тапанар Чарли Вотс.

За овој бенд, ова е прва турнеја од 1963 година, без Чарли.

Додека 60.000 луѓе го извикуваа името на Чарли, Мик Џегер, Кит Ричардс и Рон Вуд излегоа на сцената за да ја отсвират првата песна „Street Fighting Man“.

Стив Џордан го зазеде местото на Вотс како тапанар, на концертот во Сент Луис.