Балкан

Романски туристи повредени – излетале од автопатот „Струма“

Романски туристи повредени – излетале од автопатот „Струма“

Романски државјани се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Струма.

Несреќата се случила вчера околу 12:00 часот откако возачот на автомобилот изгубил контрола над возилото, удрил во еластичната ограда на патот и се превртел во провалија покрај патот.

Возачот и неговата придружничка се романски државјани и отпатувале на одмор во Грција, информираат од полицијата во Ќустендил.

Пријавата во полиција ја поднел случаен минувач кој бил сведок на инцидентот. Мажот успеал да излезе од излетаниот автомобил, а жената била извлечена по пристигнувањето на спасувачка екипа од противпожарната служба. Таа има фрактура на торакален пршлен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни