Свет

Роналдо ја побара Џорџина: Објавена фотографија од прстенот со емотивна порака

Роналдо ја побара Џорџина: Објавена фотографија од прстенот со емотивна порака

Кристијано Роналдо се вери со својата партнерка Џорџина Родригез, крунисувајќи ја нивната долгогодишна врска.

Кристијано и Џорџина се заедно од 2016 година, кога се запознаа во бутик на Гучи во Мадрид. Нивната врска привлече светско внимание уште од самиот почеток, а денес тие се еден од најпознатите парови на планетата.

Заедно имаат две ќерки – Алана Мартина (8) и Бела Есмералда (2). Роналдо е и татко на 14-годишниот Кристијано Џуниор, чија биолошка мајка никогаш не ја открил на јавноста. Покрај тоа, тие ги имаат близнаците Матео и Ева (7), кои се родени од сурогат мајка. Џорџина ги одгледува сите како свои деца.

Од романса до свршувачка

Џорџина објави фотографија на Инстаграм со импресивен веренички прстен со пораката:

„Да, го сакам. Во ова и во сите мои животи.“

Оваа објава го потврди она што фановите го очекуваа со години – дека денешниот најпознат фудбалер ѝ предложи брак на својата долгогодишна партнерка. Роналдо откри во документарецот на Нетфликс „Јас сум Џорџина“ дека чекал „вистински момент“ да го направи овој чекор, и се чини дека тој сега пристигнал.

Љубов, семејство и кариера

Покрај семејниот живот, Џорџина изградила и своја кариера – таа е успешен модел, инфлуенсер, претприемач и ѕвезда на серија на Нетфликс за сопствениот живот. Роналдо, сè уште активен на највисоко ниво, сега дели нова улога во животот – иден сопруг, заедно со спортската слава.

Нивната приказна, од случајна средба во бутик до заедничко одгледување пет деца, а сега и свршувачка, покажува дека дури и зад гламурозната слика на светот, се крие вистинска семејна приказна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни