Македонија

Ручекот го подготвува во дворот, напуштени куќи привремен дом за семејството Исмаили

„Во оваа соба живеев јас. Куќата е од татко ми, како што гледате и самите, но сега е на браќата. Јас останав без дом. Заминавме од дома бидејќи не можеш да живееш таму, во дотраена куќа и кал“.

Поради опасноста што демнеела, Шехип од село Раховиќ ја напуштил оваа дотраена куќа. Сега, нема каде да оди. И селото полека се празни, а во една од напуштените куќи живее 3-членото семејство Исмаили. Мејреме готви во дворот на шпорет на дрва. Вели дека во текот на летото е добро, но потешко ѝ е во зимските денови кога е ладно, а таа мора да излезе и да готви надвор.

„Немав ништо, и тие знаат дека немав ништо. Тука продавница немаме, сѐ готвам тука, и водата ја топлам тука за перење алишта… Во ова корито перам на раце. И зиме, и лете тука. Во текот на зимата кога е ладно да перам надвор, го внесувам внатре, а во лето надвор. Сѐ правам тука, и перам и готвам“, вели Мејреме Исмаили – село Раховиќ.

Домаќинот Шехип, вели дека цел живот се трудел да изгради куќа, но не успеал. Вели дека му е тешко да раскажува за деновите кога бил глава на семејството и сѐ се очекувало од него.

„Тежок живот….Само мојата душа знае. Никој друг, само мојата душа знае дека секое утро и секоја вечер велев – Господе земи ми ја душата, бидејќи нема потешко од тоа некој да ти тропне на врата и да ти ги исфрли алиштата надвор. Поради тоа заминав и сега сум во ваква состојба. Сега не знам…. Господ е голем и милостив“, рече Шехал Исмаили од село Раховиќ во Општина Сарај.

Семејството Исмаили, оваа куќа мора да ја напушти до крајот на годината, а потоа да тргнат во потрага по ново засолниште. Семејството не добива социјална помош, а Шехап вели дека колку можат се трудат да обезбедат храна. За сигурен кров над главата, како што вели, само може да сонуваат. Тие не ја губат надежта дек хуманите луѓе ќе им помогнат нивниот сон да стане реалност и конечно да добијат во свој дом.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни