Балкан

Румен Радев: Бугарите да влезат во уставот на Северна Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев за време на давањето заклетва во Народното Собрание за неговиот втор мандат во својот говор не ја изостави ниту темата Македонија-Бугарија.

Тој рече дека Бугарите во Северна Македонија треба да ги имаат истите права како и другите народи и треба да бидат внесени во Уставот на државата.

„За мене не е важно колку време ќе бидам претседател, туку каков претседател ќе бидам“, изјави Румен Радев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни