Русија и Украина постигнаа договор за размена на по 107 воени заробеници. Ова го известуваат руските сили во Доњецк, пренесува Ројтерс. Размената се очекува да се случи во четврток.
Последната голема размена беше во октомври, кога двете земји разменија 218 жени кои служат во војската. Некои од нив биле и воени лекари.
Како дел од новиот договор, на седум бродови со храна им беше дозволено да ги напуштат украинските пристаништа на Црното Море.