Русија не престанува со нападите – снимен моментот кога проектил уништува станбена зграда! (ВИДЕО)

Русија продолжува да го напаѓа Киев, главниот град на Украина. Станбена зграда од 12 ката во Киев утрово се урна откако беше погодена од руски гранати во киевскиот кварт Шевченко.

Две лица се повредени, а 37 се евакуирани, соопштија украинските служби.

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека пријавата ја добиле во 06.16 часот изутрината, со која се потврдува дека фрагменти од гранати паднале врз зградата и предизвикале нејзино уривање, како и дека ја оштетиле 9-катницата во соседството.

Погледнете го видеото од моментот кога проектилот го погоди Киев:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното