Свет

РУСИЈА НЕМА ДА БИДЕ ВО ФОРМУЛА 1: Никита Мазепин и компанијата на неговиот татко ја прекинаa соработката со американскиот тим

РУСИЈА НЕМА ДА БИДЕ ВО ФОРМУЛА 1: Никита Мазепин и компанијата на неговиот татко ја прекинаa соработката со американскиот тим

Рускиот возач Никита Мазепин следната година нема да се натпреварува во Формула 1. Веќе неколку дена се шпекулира дека може да дојде до таков епилог, по сите случувања во источна Европа, а на крајот американскиот тим Хаас реши да не ја продолжи соработката со него.

ФИА првично им дозволи на руските и белоруските возачи да се натпреваруваат под неутрални знамиња, но набрзо беше објавено дека Мазепин нема да може да вози во Силверстоун на Британското ГП, што доведе до овој прекин на соработката.

Раскинат е и договорот со компанијата Уралкали, еден од главните спонзори на тој тим, кој е во сопственост на рускиот милијардер Димитри Мазепин, инаку татко на младиот Никита.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни