Свет

Русија нема да го прекине огнот во Украина за Божиќ

Русија нема да го прекине огнот во Украина за Божиќ

Русија не добила никаква понуда од Киев за „божиќен прекин на огнот“ во Украина и борбите ќе продолжат во текот на зимата. Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од Ројтерс.

Претходно оваа недела, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Русија да ги повлече своите трупи  до Божиќ како прв чекор кон мировен договор по речиси десет месеци војна.

Запрашан денеска дали Москва добила предлог за „божиќен прекин на огнот“, Песков одговори: „Не, такви предлози не се добиени од никого. Оваа тема не е на дневен ред“.

По серијата блицкриг контраофанзиви во кои Киев ја врати контролата врз речиси половина од територијата заземена од Москва во првите недели од војната, ниту една страна не постигна значителни територијални придобивки во изминатиот месец.

Воените аналитичари предупредија дека може да дојде до зимски ќор-сокак, иако продолжуваат жестоките борби, особено во областа Доњецк во источна Украина, каде руските сили се обидуваат да го вратат градот Бахмут.

Вчера Песков рече дека нема да има мир со Киев додека Зеленски не ја прифати новата реалност, имено руската контрола врз четирите украински региони кои Москва ги анектираше во септември по „референдумите“ кои Киев, Западот и повеќето земји во ОН ги осуди како принудени и незаконски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни