Свет

Русија повторно ја нападна Одеса со дронови

Русија повторно ја нападна Одеса со дронови

Украинскиот црноморски град Одеса повторно е нападнат со беспилотни летала. Сирените биле активирани ноќта во 02.30 часот.

Важно е жителите на Одеса и Областа Одеса да се засолнат додека не се огласи алармот, изјави во „Телеграм“ Олег Кипер, претседател на воената управа на областа Одеса.

Има многу беспилотни летала и тие летаат во бранови од водите на Црното Море, јавуваат локалните медиуми. На некои места се слушнаа силни експлозии, се уште нема извештаи за жртви или штети/повредени

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни